Загубил вазна од Пикасо во воз, германската полиција во потрага

Германската полиција бара помош за да пронајде вредна керамичка вазна, која ја направил Пабло Пикасо во далечната 1953 година, а која 76-годишниот сопственик ја изгубил во воз.
Вазната го прикажува познатиот мотив на Пикасо на був и сопственикот најверојатно ја изгубил за време на промена на возот во град во западна Германија.


Полицијата соопшти дека вазната со бела, црна и сина боја била направена во студиото на Пикасо во францускиот град Мадура, во близина на Ница, во вредност од најмалку 10.000 евра.
Вработените во возот биле известени веднаш штом вазната била изгубена, но за жал не ја пронашле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.