четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дритон Вејсели – Талат: „Не знаем, не су одавде”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По веста дека ќе се снима нова сезона на „Преспав“, сигурно голем дел од вас со нетрпение очекувате повторно да се смеете и дружите преку ТВ екраните со актерската екипа на оваа серија. Несомнено еден од омилените ликови е Талат, кој успеа да ги освои симпатиите и на организаторите на „Златна Бубамара“, кои годинава го наградија за млад телевизиски актер.
Но, Дритон Вејсели не е само актер во театар Комедија. Почнал со сликарството, ги обожува филмот и музиката или сите аспекти на уметноста. За читатели на Точка, открива што го прави среќен, која му е омилена реплика, со кој се дружи најмногу од „Преспав“, интересна случка за време на снимањето…


Која ти е омилена реплика од „Преспав“?
– Омилена реплика од Преспав ми е класичната ,,Не знаем, не су одавде”
Со кој се дружиш најмногу позади камерите?
– Буквално со цела екипа,се зближивме за време на снимање и на сет сите сме другари и си се дружиме.
Интересна случка за време на снимањето?
– Интересни случки имаше секој снимачки ден, но најинтересно беше кога епизодна улога играше питонот.
Зошто беше предизвик „Преспав“?
– „Преспав“ е предизвик заради многу причини, првата е тоа што „Преспав“ е првиот македонски ситком серијал, втората за мене беше предизвик, бидејќи првпат се среќавам со ваков формат со прва посериозна улога.
Кој е Талат во приватниот живот?
– Во приватниот живот сум едноставен човек на кој не му треба многу за да биде среќен. Мали нешта ме прават среќен.

Поврзани вести