Акцијата ја организираше Магдалена Поповска од Пехчево која, како што рече, имала голема поддршка од самите граѓани и здружението за заштита на животните „Про анима” од Берово.
-Настанот немаше никаква политичка позадина, туку едноставно имавме цел да ја изразиме нашата загриженост за состојбата со труењето кучиња во нашето мало гратче. Нашиот револт го изразивме мирно и културно со надеж дека по овој настан труењата конечно ќе запрат. Во рамки на настанот собиравме и потписи од загрижени граѓани кои ги доставивме до првите луѓе во градот од каде добивме уверување дека институциите преземаат мерки и најавија поригорозни мерки за неодговорните сопственици на домашни миленици, вели Поповска.
Од „Про анима” најавија дека дискусијата на оваа тема ќе продолжи се до конечно решавање на проблемот со турењето на животни во Пехчево./МИА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.