Денес готвиме заедно со Соња Ристевска која ни приготви брз и топол качамак од јачменово брашно со пршут и потпечен сусам. Останатите рецепти на Соња можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
5-6 големи лаж. Јачменово брашно
1 голема лаж. Путер (20 гр.)
300 мл. Вода
30 гр. Пршут
1/2 мала лаж. Интегрален сусам
Сол (по вкус)
Ким (по вкус)
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на качамакот
На растопен путер додаваме 5 – 6 големи лажици јачменово брашно. Откако брашното убаво ќе се запече, постепено додаваме 300 мл. ладна вода додека непрекинато мешаме се додека не добиеме густа каша.
2 | Подготовка на сусамот
На загреана тава кратко го потпекуваме сусамот. Пршутот го сецкаме и сите состојки ги додаваме во кашата. Убаво промешуваме и зачинуваме со сол и ким по вкус.
Качамакот можете да го комбинирате со кисело млеко.