Заради невообичаено топлиот бран кај метеопатите е можна појава на главоболка и повремена нервоза

Топлиот бран кој ќе пробие кај нас во текот на оваа седмица и почнува од денес ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат рано – летни, особено од вторник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во најтоплите региони од државава пак истите се очекува да се искачат и до 25 степени, пишува метеорологот Славчо Поповски.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, токму поради ваквото јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.
Биометеоролошките прилики во Македонија поради овој невообичаен топол бран ќе бидат релативно неповолни, па така кај метеопатите е можна појава на главоболка како и повремена нервоза, можна е и појава на несоница и поспаност како и тежина на главата и телото, исто така поради зголемената влажност во воздухот има услови и за појава и на спарина.
Месец март како во најголем дел од европскиот континент, па така и кај нас ќе биде потопол од вообичаеното, и покрај ова секако дека и понатаму има услови од северот и североистокот на Европа кон нашиот дел да се спуштат студени бранови кој би условувале зимски температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.