Открила прост трик со кој за неколку минути се преполовила нејзината болка од мигрена која траела 12 часа

Елизабет Хејс својот лек за неподнослива главоболка го сподели на Фејсбук. Додека таа имала мигрена, болката достигнувала неиздржливо ниво и лековите кои ги користела не ѝ помагале.
Првата реакција ѝ била да побара некој лек на Интернет и го пронашла. Станува збор за посебна штипка која ја стимулира точката за притисок на раката која се наоѓа на “малото ритче” помеѓу палецот и показалецот.
Меѓутоа, поради преголемата болка не може да чека лековите да делуваат па се одлучила на тој потег.


Ја земала штипката за храна и ја ставила на точката помеѓу палецот и показалецот. Според нејзините зборови, штипката ја преполовила болката за 20 минути.
Своето цело искуство потоа го споделила на Фејсбук и многумина го потврдиле позитивниот ефект од овој начин на лекување на болката.
Судејќи според експертите, нејзиниот лек потсетува на акупресура која е слична на акупунктура, но главно се заснова на притисокот кој се пренесуа со помош на прстите наместо со игли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.