Македонскиот естраден пар, Анастасија Петреска и Владимир Поповски денес станаа родители. Радосната вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка.
Мама и тато за тукушто родената принцеза го одбраа името Андреа.
Пејачката од својата бременост не направи никаква помпа, ја помина мирно и повлечено, без фотографирање на трудничкото стомаче.
Е, па среќни родители, честитки и голема да порасне Андреа!