Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денеска по прв пат станаа родители, а пејачката на свет го донесе нивниот син Александар.
Семејството Живојиновиќ се збогати за уште еден член, а во јавноста се огласи и мајката на Филип која е и прва сопруга на Боба Живојиновиќ.
-Јас денеска сум најсреќна жена на светот. Стигна нашата љубов, радост, среќа. Стигна Александар, напиша Зорица Накиќ на својот Инстаграм профил.