Куглоф сарма

1 голема главица кисела зелка
700 г мешано мелено месо
125 г коцки чадена сланина
1 кесичка зачини (мешавина за сарма или полнети пиперки)
130 мл млака вода
1 лажица доматен сос
масло, сол и мелен црн пипер
Разлистајте ја зелката на листови и сварете ги 5 минути за да омекнат. Исцедете ги, оставете да се изладат и отсечете им ги задебелените делови. Оризот обарете го во посолена зовриена вода со црн пипер и исцедете го.
Содржината на кесичката зачини измешајте ја со 100 мл млака вода, и оставете ја да отстои неколку минути.
Од меленото месо, сланината, оризот, 2-3 лажици масло и размешаниот зачин измешајте фил.
Намресениот калап куглоф обложете го со листови зелка, преклопувајќи ги со едната страна. Во средина нанесете го филот, па внимателно преклопете ги листовите зелка за да го прекриете филот. Така подготвената сарма прелијте ја со мешавина од 30 мл вода и доматен сос. Покријте го калапот со алуминиумска фолија и печете 20 минути на 200 степени.
Отстранете ја фолијата и печете уште 1 час на истата температура. Куглоф сармата сервирајте ја во голема тркалезна чинија и исечете го на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.