Баклава со фстаци

500 г кори за баклава
200 г маргарин
500 мл млеко
5 лажици гриз
1 кесичка ванилин шеќер
200 г фстаци
150 г лешници
ЗА ШЕРБЕТ
500 мл вода
450 г шеќер
1 лимон
Од водата и шеќерот сварете шербет. Пред крај додадете го лимонот исечен на кругови. Оставете шербетот да се излади.
Во свареното млеко измешајте гриз, варете додека да се згусне. Потоа оставете да се олади. Во оладената смеса додадете мелени лешници и мелени фстаци, и измешајте го филот.
Спојте две кори, премачкајте ги со растопен маргарин и прекријте со уште една кора. По должина на кората ставете фил и завиткајте во ролат. Исечете ги ролатите и наредете ги парчињата во намрсена тава. На крај баклавата премачакајте ја со преостанатиот маргарин. Печете 40 минути на 200 степени или додека не добие златно-жолта боја.
Топлата баклава прелијте ја со изладен шербет и оставете да го впие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.