Во воздушните напади на американските авиони врз базите на Исламската држава загинаа повеќе од 40 луѓе меѓу кои и двајца српски државјани, Јовица Степиќ и Слаѓана Станковиќ.Тие биле киднапирани од страна на џихадистите.
„За жал, вчера попладне добивме информации дека во тој напад настрадаа повеќе странски државјани меѓу кои и двајца наши службеници на амбасадата“ – изјавил Ивица Дачиќ на конференцијата за новинарите.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија била „многу блиску“ да ги ослободи своите дипломати од српската амбасада во Либија, кои биле киднапирани во ноември 2015. година во градот Сабрата, пред да бидат убиени во американското бомбардирање.
Вучиќ како најодговорен за киднапирањето го наведе Ахмед Абаши, кој се занимава со шверц на луѓе во Италија, велејќи дека тој не е припадник на ИСИС, но дека соработува со таа терористичка организација.
Според зборовите на Вучиќ, киднапирањето не било случајно, но двајцата дипломати веројатно биле киднапирани случајно, а Србија никогаш директно не преговарала со киднаперите, но ги „држела работите под контрола“ и неделно добивала информации дека се живи и здрави.
Српската служба за време на заложничката криза соработувала со странски служби и агенции, вклучувајќи ги руските и американските служби за безбедност.
Како што вели тој, во повеќе наврати разговарал со американските служби, но судејќи по сè „тие немале сознанија“ дека Срби и други странци се наоѓаат на локацијата која била бомбардирана.
Вучиќ на вонредната прес конференција во Владата на Србија најави дека телата на настраданите во понеделник ќе бидат донесени во Србија и изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Тие биле киднапирани од страна на џихадистите.
„За жал, вчера попладне добивме информации дека во тој напад настрадаа повеќе странски



