На секои две до седум години, овој временски феномен се враќа како резултат од интеракцијата помеѓу океаните и атмосферата, зголемувајќи ја глобалната температура и предизвикувајќи екстремни дождови и ветрови.Моменталниот циклус е продолжен бидејќи трае уште од минатата година, а експертите предупредуваат дека ќе предизвика хаос и во наредните неколку месеци и тоа многу посилен отколку што видовме досега.
Многумина веруваат дека Ел Нињо е одговорен за бројни поплави ширум светот, а научниците сметаат дека тоа е само почеток.
Експертите од Светската метеоролошка организација изјавија дека овој Ел Нињо предизвика пораст на температурите долж Пацификот за 2°C во просек.
Како резултат на тоа, просечната глобална температура порасна за 0,76°C, поради што јануари годинава беше најтоплиот досега.
Генералниот секретар на организацијата, Петери Талас, изјави: „Бевме сведоци на еден од најмоќните Ел Нињо феномени кој е предизвикан од екстремните временски услови во државите на сите континенти и постави нов рекорд во глобалната температура во 2015 година. Метеоролошки говорејќи, ефектот на Ел Нињо сега се намалува, но не смееме да го спуштиме гардот бидејќи сѐ уште е силен во хуманитарна и економска смисла, што значи дека ќе влијае врз светот уште неколку месеци.
Делови од Јужна Америка и Источна Африка сѐ уште се борат со последиците од обилните дождови и поплавите. Економските и хуманитарните последици од сушите се сѐ почести во Јужна и Источна Африка, централна Америка и многу други региони.“
Ел Нињо го наруши временскиот циклус секаде во светот, предизвикувајќи потопол јануари и поладен почеток на пролетта.
Овогодишниот Ел Нињо по јачина може да се спореди со временските феномени од 1997-1998 и 1982-1983 година, но дефинитивно е најјакиот забележан досега.
Моменталниот циклус е продолжен бидејќи трае уште од минатата година, а експертите предупредуваат дека ќе предизвика хаос и во наредните неколку ме



