Викиликс објави доверливи документи за воен план за справување со бегалците!

На Викиликс вчера беше објавен документ означен како „воена тајна“ во кој се презентираат деталите на тајниот план на ЕУ за воена интервенција против приливот на мигранти во Европа. Исто така, планот предвидува поставување на „доверлива“ влада во Либија која за возврат ќе и дозволи на ЕУ да ги прошири операциите во овој регион.Документите се датирани на 29 Јануари 2016, а планот е напишан од командантот на операцијата Адмирал Енрико Кредентино од Италијанската морнарица, за Воениот Комитет на Европската Унија и политичкиот и безбедносен комитет на ЕУ.
Притоа, во документот детално се објаснуваат статистиките на проток на мигранти и во големи детали ја предвидува и планира операциајта во фази на здружените сили на ЕУ кои ќе оперираат во Медитеранот.Извештајот исто така поставува притисок врз одговорните органи на ЕУ за да се забрза процесот на формирање на „доверлива“ влада во Либија, од која ќе се очекува да ги покани силите на ЕУ да оперираат во нејзините територијални води, и потоа да даде дозвола да се прошири таа операција и на копно, односно во крајбрежјето на Либија.
„Преку способноста и градењето на капацитети на Либиската морнарица и крајбрежна стража, ќе бидеме во можност да им дадеме на Либиските власти нешто за возврат за нивната кооперација во справувањето со мигранската криза. Оваа соработка треба да претставува еден од елементите на сеопфатниот пристап на ЕУ со цел да се обезбеди нивна покана за оперирање внатре на нивната територија во текот на втората фаза од активностите“ – се вели во документот.
Адмиралот Кредендино пишува дека активната сила е подготвена за втората фаза без разлика на политичките и правни предизвици:
„…ние сме спремни да преминеме директно на втората фаза каде што ќе можеме да направиме значаен напредок во спречувањето на шверцот со луѓе“
„Како и да е, за да продолжиме во следните фази треба да имаме влада со национално единство со која ќе соработуваме“
„Правилен легален финиш е апсолунто фундаментале за транзиција во фаза 2Б бидејќи без ова не можеме да бидеме ефективни“.
„Централно за целата оваа операција и транзицијата во фаза 2Б, е договор со Либиските власти. Крајно, тие го имаат крајниот збор за легален завршеток кој за возврат ќе ја придвижи транизицијата кон фазата 2Б како и апетитот на државите-членки да придонесат со ресурси и војска. Како Европска Унија, ние мораме да аплицираме дипломатски притисок за правилно да ја спроведеме акцијата и да добиеме посакуван резултат“ – се вели во документот.
Документот е објавен само пет месеци откако беше објавено дека Операцијата „Софија“ ќе содржи 22 држави членки и 1.300 војници и воен персонал кои ќе работат на одземање и уништување на бродови со кои се шверцуваат луѓе преку Медитеранот.
Сепак, документот нотира дека операционалниот прогрес во фазите 2Б и 3, „шверцерите најверојатно брзо ќе се адаптираат на променетите околности. Главната грижа за шверцерите најверојатно ќе биде да избегнуваат да бидат фатени за да можат да ги работат своите нелегални активности.“
Примарната цел на операцијата е да се отсечат шверцерските рути со луѓе, а не да се намали протокот со мигранти, според Институтот за Безбедносни студии на Европската Унија.
Сепак, Институтот нотира дека „постои реална несигурност за тоа дали операцијата воопшто ќе биде започната – и поради легално но и поради политички пришчини – да се добие основниот мандат, односно да се неутрализираат шверцерските мрежи преку одвраќање или отворено гонење, и од Либиското крајбрежје и на копно“.
Документот исто така пишува дека поддршката за операцијата е слаба поради немањето на капацитет на државите членки на ЕУ „само неколку земји членки ги имаат потребните вештини и искуство за вакви мисии, а уште помалку и желба за ваква мисија“.Документите се датирани на 29 Јануари 2016, а планот е напишан од командантот на операцијата Адмирал Енрико Кредентино од Италијанската морнарица,

Пронајдете не на следниве мрежи: