Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денес без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.
ОД РЦУК – Скопје информираат дека од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. “Водоча“ и ул. “Мите Богоевски“ бр. 2 во општина Аеродром, од 8:30 до 13:30 часот дел од улиците “Јустинијан Први“ и “Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. “Студеничанска“ во општина Кисела Вода.
Без струја денес од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите “Амајлија“, “Метал Амајлија“, “Гранд Кадино“, “Интергрос“ и дел од село Марино во Општина Илинден.