Најмалку 20 лица загинаа, а околу 45 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Анкара, пренесоа турските медиуми.Експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници. Дел од медиумите во Анкара јавија претходно за стотина повредени во експлозијата.
Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој, Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата и Генералштабот на турската армија и дека тоа е „акт на тероризам“.
Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени, а на местото на нападот има голем број амбулантни возила, јави локалната НТВ.



