Шефот на Одделот за надворешни црковни работи на Руската православна црква, митрополит Иларион, им пренесе на православните верници да не помислуваат дека патријархот и папата ќе ги обединат Руската православна црква и Римокатоличката црква.- Пред сѐ, би сакал да посоветувам внимателно да се прочита декларацијата на папата и патријархот. Таа ги покажува темите на разговорот. Таму немаше никакви обиди за зближување во догмите или било какви разговори за некое догматско или богословско прашање. И сега тој разговор воопшто не е на дневен ред – изјави рускиот митрополит Иларион.
Тој објасни дека сега не станува збор за надминување на историските несогласувања помеѓу црквите, туку „да се научи како да се живее и работи во овој свет – не како соперници, туку како браќа за да се заштитат заедничките вредности.“
– Направен е првиот чекор и сега се надевам дека по тој долг пат верниците на двете традиции ќе одат заедно, не прифаќајќи било какви компромиси со совеста, не прифаќајќи компромиси во догмата, но штитејќи ги заедничките интереси – додаде тој.- Пред сѐ, би сакал да посоветувам внимателно да се прочита декларацијата на папата и патријархот. Таа ги покажува темите на разговорот. Таму немаш



