Кристос Спирцис, грчкиот министер за инфраструктура и транспорт денес ќе дојде во посета на Скопје. Како што е најавено, Спирцис ќе има средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески по што е предвидено да дадат изјави за медиумите.
Се очекува на средбата да стане збор за патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10, како и за можностите за нови линии во авиосообраќајот.