Бразилскиот државен здравствен институт соопштил дека за прв пат е пронајден активен вирус Зика во примероци на плунка и урина а дека понатаму ќе се истражува можноста за пренос на вирусот преку телесни течности.До сега било утврдено дека Зика вирусот се пренесува преку убод на комарец, но во САД е регистриран случај на пренос на вирусот преку сексуален пат.
-Бразилскиот институт до ова откритие дојде преку анализа на примерок на двајца пациенти преку изработка на парцијална секвенца на геном на вирусот, соопшти Пауло Гаделха, претседател на Фондацијата Освалдо Круз.
Случаите на зараза со Зика се регистрирани во 30 земји од каде за прв пат се појавиле на американскиот континент минатата година во Бразил, a сега е потврден случај на заразен со вирусот Зика и во Европа.
По појавата на вирусот илјадници бебиња се родени со микроцефалус, односно абнормално мала глава и многу често неразвиен мозок.До сега било утврдено дека Зика вирусот се пренесува преку убод на комарец, но во САД е регистриран случај на пренос на вирусот преку сексуален пат



