Мрмотот Фил денеска ќе ја направи 130. прогноза за времето!

Денеска на жителите на Пенсилванија временската прогноза им ја предвидува мрмотот Фил, чија задача е да предвиди каква ќе биде зимата.Легендата вели дека ако мрмотот од Пенсилванија по име Панкасатони Фил на 2 февруари излезе од дупката, ја види својата сенка и не посака да се врати во зимско гнездо толку брзо, тоа значи дека се очекува топла зима и високи температури.
Ако не ја види сенката и се врати во дупката, легендата вели дека се очекуваат барем уште шест недели студена зима.
Имајќи ја предвид временската прогноза за вторник во Пенсилванија, се очекува облачно време, така што мали се шансите дека Фил ја види сенката.
Метеоролозите тврдат дека во последните неколку години оваа легенда немала многу вистина со реалноста и дека последиците на активностите на Фил на 2 февруари не може да се разгледуваат сериозно.
Според нив, прогнозата на Фил е сигурна колку и фрлање на паричка.
Од 1887 година мрмотот ја видел својата сенка 102 пати, а само 17 пати не. Не постојат податоци за последните децении во 19 век.
Денот на мрмотот беше инспирација за култните комедии со Бил Мареј од 1993 година. Кај нас постои сличен обичај, само наместо мрмот „метеорологот“ е мечка, и се случува на 15 февруари на Сретение.

Пронајдете не на следниве мрежи: