Триесет и шест деца во Сирија починале од „болна смрт“ откако добиле вакцини од ОН за кои сириските власти наведуваат дека намерно се отруени.Програмата за вакцинирање на ОН започна во 2014 година за да се спречи епидемијата од мали сипаници во Сирија, но потоа беше наведено дека вакцините намерно се саботирани поради што ОН се откажа од програмата.
Британски Телеграф наведе:
„Докторите од клиниките во градовите Џирџанас и Марет ал Нуман во североисточната провинција Идлиб изјавија дека децата се разболуваат штом ќе примат вакцина. Хуманитарните организации од Турција наведоа дека 36 деца ги загубија животите, додека околу десетина деца се наоѓаат во критична состојба“.
Коалицијата на сириската опозиција ја контролира провинцијата Идлиб и спроведува проект на имунизација.
Медицинските стручњаци веруваат дека децата починале поради тоа што примиле контаминирани вакцини против мали сипаници.
Со програмата за вакцинација раководи Светската здравствена организација (СЗО), чија цел беше да вакцинира 1,6 милиони сириски деца.
Симпатизерите на сириската опозиција почнаа да објавуваат фотографии од починати деца на социјалните мрежи, обвинувајќи го режимот на Асад дека вакцините се контаминирани со цијанид.
„Мухамед Мовас, сириски доктор којшто работи во Турција, изјави дека главниот симптом било успорувањето на работата на срцето, што се совпаѓа со труење од цијанид“ – наведе британски Телеграф.
Мовас наведе дека целата ситуација изгледа како намерен обид за контаминација на вакцините.
Официјални претставници на СЗо и ОН, но и членови на сириската опозиција стравуваат дека конечниот број на мртви би можел да биде уште поголем, посебно затоа што овој регион е изолиран.
Секое шишенце на вакцина против мали сипаници содржи по 40 дози. Медицинските лица веруваат дека се отруени најмалку две шишенца.
СЗО испрати истражен тим во оваа област за да открие што го предизвика овој инцидент.
Во други извештаи се наведува дека некои деца по грешка добиле лек за опуштање на мускулите и дека тоа ја предизвикало нивната смрт.Програмата за вакцинирање на ОН започна во 2014 година за да се спречи епидемијата од мали сипаници во Сирија, но потоа беше наведено дека вакцинит



