По повеќе од два века мир во Шведска сѐ повеќе е присутно мислењето дека скандинавската земја треба да се подготви за војна со потенцијален сериозен противник, објави британскиот весник „Експрес“.Весникот се повикува на доверливи документи, што протекоа во јавноста.
„Безбедносната ситуација во моментот ме наведува на заклучок дека во следните неколку години можеме да бидеме во војна“ – изјавил главниот командант на шведската армија Андерс Бранстром, а се наведува во документите.
Армијата сега прави и долгорочни планови за судир кој би бил можен во периодот меѓу 2016 и 2020 година и дека земјата мора да биде подготвена за најголемиот непријател.
Тоа е првпат во поновата историја висок воен претставник да изјави дека Шведска е на работ од војна.
Претседавачот со Комитетот за одбрана Алан Видман, изјави дека Шведска доживува „најголема агресија од Русија“ бидејќи не е членка на НАТО.
„Мојата проценка е дека ситуацијата е толку сериозна што дури и Шведска, која има повеќе од 200 години мир, во моментот мора да се подготвува за евентуален вооружен конфликт, конфликт во кој ќе учествуваме“ – истакна Видман.
Русија неколку пати ја тестираше одбраната на скандинавските земји со борбени авиони во близина на нивните граници.
Шведскиот министер за одбрана Микаел Бајден изјави дека во моментот не постои воена закана кон Шведска, додавајќи дека земјата има добро обучена армија.
#Sweden Army Chief Warns of a War in #Europe Within A Few Years https://t.co/sPzBtfsuQt pic.twitter.com/FeQONnyS7V
— estNATO (@estNATO) January 27, 2016



