Конечно е објаснето како е решена мистериозната смрт на рускиот таен аген Александар Литвиненко.Теоретичар по физика од Велика Британија, Норман Домбеј, бил клучен сведок во истрагата за смртта на Александар Литвиненко.
„Неговите убијци направија кобна грешка бидејќи одлучија да го убијат во Велика Британија. Било каде на друго место во светот, неговата смрт веројатно не би била сомнителна“ – вели Домбеј.
Извештајот за истрагата би требало да биде објавен идната недела, а според него е јасно дека зад смртта на Александар Литвиненко стои Русија, односно Владимир Путин.
Но, веројатно не би дошло до истрага Литвиненко да не испиеше чај со радиоактивен полониум кој го испил баш во хотел во Лондон на 1 ноември 2006 година. Веднаш почнал да повраќа, добил пликови во устата, а му отпаднала и косата. Бил пренесен во Универзитетската болница во Лондон на одделот за физика, кадешто експертите ја открија причината за неговата смрт.
Поранешниот руски агент кој ја напушти својата земја во 2000 година, ги имал сите знаци на труење со радиоактивна супстанца, но Гајгеровиот бројач не покажал знаци на радиоактивност. Постојат три начини на кои се емитира зрачење со радиоактивни материјали, но само алфа-радијацијата не може да биде исчитана од страна на Гајгеровиот бројач.
Полониум само од Русија
Примероците земени од телото на Литвиненко беа испратени во Британскиот институт за нуклеарно наоружување. Таму научниците се посомневале на полониумот. Во телесните течности на Литвиненко бил потопен сребрен диск кој ги привлекол алфа-честичките и се испоставило дека тие се совпаѓаат со изотоп на полониум, попознат како полониум 210.
„Тој изотоп се произведува само на едно место во светот, во Русија и тоа во нивната фабрика за нуклеарно оружје Авангард. Токму затоа, прстот на вината за смртта на Александар Литвиненко можеме да го впериме само кон Русија“ – заклучил Домбеј.Теоретичар по физика од Велика Британија, Норман Домбеј, бил клучен сведок во истрагата за смртта на Александар Литвиненко.
„Неговите



