среда, 11 ноември 2026
Најново

Заев очекува САД до октомври да го ратификуваат Протоколот за НАТО

Премиерот Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври. Вчера во Охрид тој истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот.
-Тоа е постапка која трае, поприлично е сложена, значи не очекувам дека ќе се случи за една недела, но очекувам дека ќе заврши до крајот на летото, септември, октомври, рече Заев додавајќи дека тоа е експресно брзо во споредба со протоколите кои Вашингтон ги ратификувал за претходните членки.

Пронајдете не на следниве мрежи: