Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското и почнува летното сметање на времето. Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s. Тоа,пак, значи дека оваа ноќ ќе биде за еден час пократка.
Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00 min 00 s.
Доколку имате закажани обврски за утре рано наутро најдобро е часовникот да си го курдисате вечерва пред легнување. Така се сигурност ќе стигнете на време таму каде што треба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.