Иако пожарот во село Саса сe уште е активен, сепак е ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење.
-Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаја да ги спасат од огнената стихија, вели Трајчевски.
Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, кое е отежнато заради силниот ветер и непристапниот терен.


