Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денес на Плоштадот “Македонија“ ќе организираат детска журка, Априлијада „Скопје се смее“ за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на главниот град.
На априлијадата ќе има забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати секции на ДКЦ „Карпош“, “Златно славејче“, танцови групи од основните училишта, а учество ќе земат и децата со Даунов синдром од “Трисомија21“.
На забавата ќе учествуваат: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, музички уметници Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири, музичкото училиште Music House и ди-џеј Ампов.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.