Силувања, малтретирања и ограбувања на жени се случија во поголемите германски градови за време на новогодишните празници.„Неприфатливо е нашите градови да станат зони на безаконие. Нашите граѓани и гости мора да се чувствуваат безбедно“, изјави градоначалничката на Келн, Хенриета Рекер.
Како што пренесуваат германските медиуми, денес ќе биде одржан кризен состанок на кој претставници на политичките партии и полицијата ќе се обидат да анализираат како дошло до ескалација на новогодишната ноќ кога, според сегашните сознанија, група од неколку илјади странци од арапско т.е. северноафриканско потекло започнале да дивеат на железничката станица во Келн.
Притоа дошло до масовно сексуално злоставување на жени, кражби, а пријавен бил и еден случај на силување.
„Беше страшно, ги имаше стотици, нè обиколија и сексуално нè злоставуваа“, изјави една од многуте Германки кои поднеле казнена пријава.
Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Јегер најавил дека полицијата систематски ќе го обработи секој случај и во иднина полицијата ќе биде присутна на сите чувствителни места. И сојузниот министер за правосудство, Хеико Мас најавил казнување на сторителите „до последен“.
Според актуелните сознанија на полицијата, меѓу сторителите имало и голем број на баратели на азил од северноафриканските земји на возраст од 15 до 35 години кои со оглед на тоа што немаат шанси да добијат траен статус на бегалци, доаѓаат во Германија за да се занимаваат со криминал.
И од другите градови како Штутгарт и Хамбург пристигнаа вести за слични случувања.Како што пренесува „Хафингтон Пост“, трговијата со дрога во Келн и во другите поголеми германски градови е „цврсто во рацете“ на северноафриканските банди кои во прифатилиштата за бегалци регрутираат нови криминалци.Нападите за новогодишната ноќ во Келн и во останатите германски градови, како што изјави претседателот на полициската управа на Келн, Волфганг Аберс, претставуваат една „нова димензија“ на насилство.
„Долго го сметавме за табу, но конечно мора да се соочиме со нормите на машкото однесување во муслиманката култура која одобрува насилство кон нив“, порачала преку Твитер Кристина Шредер. Таа и претходно предупредувала на „мачо-културата“ на мажите од традиционалните семејства кои во последните месеци пристигнуваат во Европа.„Неприфатливо е нашите градови да станат зони на безаконие. Нашите граѓани и гости мора да се чувствуваат безбедно“, изјави градо


