Состојбата е тензична. Бегалците и мигрантите во прифатниот бегалски камп “Диавата“ во близина на Солун, повторно масовно се обидоа да ги пробијат полициските блокади и да се упатат кон границата со Македонија. Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да го спречи нивниот обид, јави дописничката на МИА од Атина.По неуспешниот обид дел од нив ја запалија блиската трева и се упатија во друга насока. И таму наидоа на полициска блокада.
По лажната вест што во изминатиот период се споделуваше на социјалните мрежи дека повторно ќе бидат отворени границата и балканската бегалска рута кон Европа, околу 500 бегалци и мигранти од цела Грција се упатија кон Солун и вчера поставија повеќе од 100 шатори пред прифатниот центар.
Грчката полиција веднаш реагираше целосно опколувајќи го импровизиран камп.
По информациите дека стотици мигранти од бегалскиот камп во Солун се упатиле кон границата со Македонија, надлежните од нашата земја велат дека ситуацијата е под контрола и дека државата е поподготвена да се справи со евентуален предизвик од нов бран на мигранти.