Јирген Тоденхофер, германски новинар којшто поминал 10 дена со милитантите на Исламската држава во ирачкиот град Мосул минатата година, изјави дека побунениците не се плашат од Америка и Велика Британија.Тоденхофер ги опишал тие десет дена во книгата што ја има објавено.
„Единствената земја од која ИСИС се плаши е Израел. Ми рекоа дека се свесни за силата на израелската војска. Мислат дека можат да ги поразат американските и британските сили за коишто сметаат дека немаат искуство во герилски или терористички стратегии. Меѓутоа, тие знаат дека Израелците се силни во тоа подрачје“ – рекол Тоденхофер.
Тој ја опишал Ал Каеда како кикирики во споредба со ИСИС, откако ги запознал нивните водачи во Мосул.
Тоденхофер тврди дека ИСИС му дозволи да престојува на нивното подрачје бидејќи тој остро ја критикувал американската политика на Блискиот исток, пишува „Дејли мејл“.
Новинарот тврди дека ИСИС сака да направи „нуклеарно цунами“ против Западот и сите кои мислат поинаку од нив. Тој сето тоа го опишал во книгата „Внатре во ИСИС, десет дена во Исламската држава“.
Новинарот тврди дека тој и неговиот син кога влегле на подрачјето кое го контролира ИСИС, морале да ги предадат своите телефони. Тој со месеци преку Скајп контактирал со припадници на ИСИС, пред тие да му допуштат да дојде кај нив.
„Гледав видео со брутално отсечени глави, па пред да отидам на нивното подрачје направив тестамент. Луѓето таму спијат во урнатини, бараки, разрушени куќи. Спиев на под“ – вели Тоденхофер.
Додава дека ИСИС објавува брутални снимки за да го прошири теророт и стравот со цел полесно да заземе некое подрачје.
„Брутални се. Велат дека сметаат дека треба да умрат 500 миилиони луѓе. Уверени се дека ќе ја добијат битката. Паметни се, организирани и опасни, а моралот им е многу висок. Планираат масакри и геноцид, сакаат да убиваат неверници, а нивните жени и деца да ги направат робови. Сакаат да ги убијат муслиманите кои промовираат демократија, да го покорат светот“ – додава тој.
Тој разговарал и со Германец кој им се приклучил на џихадистите и кој му кажал дека ИСИС ќе продолжи да се шири и дека сигурно ќе ја покори Европа и дека ќе продолжат да им отсекуваат глави на своите заложници.Тоденхофер ги опишал тие десет дена во книгата што ја има објавено.
„Единствената земја од која ИСИС се плаши е Израел. Ми рекоа дека



