Страшна слика на Родос: На три различни плажи пронајдени тела на тројца мажи

Во рок од 24 часа на грчкиот остров Родос на три одвоени плажи се пронајдени тројца мртви мажи.
Првото тело е пронајдено на плажа меѓу Афанту и Колубија во саботата, додека вчера е откриено второто тело на плажа во областа Глистра Афанту, а третото во Фалиракија.
Пристанишните власти покренаа истрага, а телата се упатени на судска медицина. Се претпоставува дека се работи за мигранти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.