Царинската управа ќе се поднови со 13 нови “Шкоди“

Царинската управа ќе го поднови својот возен парк со 13 нови автомобили, во вредност од 325.201 евра. Според податоците објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Управата, поточно директорот Ѓоко Танасоски, на 8 април склучила договор за набавка со компанијата Друштво за производство, трговија и услуги ДЕЛУКС-АУТО ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.
Во договорот е наведено дека ќе се набават 12 автомобили од марката „Шкода“, модел Oktavia Ambition 2.0, во вредност од 294.000 евра или 24.500 евра од автомобил. Покрај овие 12, Царинската управа набавува уште една „Шкода“, и тоа модел Superb Ambition2.0, која чини 31.176 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: