Рецепт за најмеките леб и печива

Лесен рецепт што секогаш успева – и во солена и во блага верзија
Потребни состојки:
950 милилитри вода
6 лажици шеќер
4 лажици инстант квасец
230 милилитри растително масло
2 лажици сол
1.200 грама брашно


Начин на подготовка:
Во голем сад, измешајте ги водата, шеќерот и квасецот и оставете ги да отстојат 2-3 минути. Потоа додајте ги маслото, солта и брашното и замесете го тестото. Прво ставете 1 килограм од брашното, а останатото додавајте го полека сè додека не добиете влажно, но нелепливо тесто. Оставете да отстои 10-тина минути, па премесете го со раце. Повторете ја постапката уште 4-5 пати.
Ќе добиете универзално тесто со коешто можете да се забавувате на секој можен начин. На пример, поделете го на 3 дела и испечете 3 багети или додајте парчиња чоколадо, па направете чоколаден леб. Од друга страна пак, и кифличките ќе бидат превкусни, без разлика дали се полнети или празни. Сè што ќе замислите – сè може да се направи од ова тесто!
Печете околу 20-30 минути на 200 степени, или адаптирајте ги времето и температурата според дебелината на тестото. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.