Во автобус на релацијата од Скопје до Гостивар имало околу 20 прекубројни патници по што граѓаните се жалеле дека се гушат. На влезот на Тетово полицијата ги симнала од автобусот „Еуро турист“, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува “Порталб.мк“.
Возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, пренесе порталот.
Автобусот бил сопрен од сообраќајната полиција на влезот во Тетово и се симнале сите патници кои што стоеле. Полициската контрола траела 35 минути, потоа патниците повторно се качиле во автобус, а се симнале во Тетово.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.