Денес Министерството за финансии одржа аукција на државни обврзници со кои државата се задолжи за нови 2,4 милијарди денари, односно околу 39 милиони евра. Ова е едно од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината, но ова најновово е сред претседателска кампања.Со ваквото динамично темно на задолжување непропратено со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс, коментираат економистите. Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата, а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на бруто домашниот производ.




