Колку пари се украдени во вчерашниот грабеж на НЛБ во Чаир?

Во вчерашниот грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Чаир се украдени 150.000 евра. Од банката соопштуваат дека тројцата повредени се во добра состојба и се пуштени на домашно лекување.
– По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10 часот и 36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување, соопштија од НЛБ Тутунска.
Ограбената експозитура во Чаир ќе продолжи со работа од утре, 17 април.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: