Принцот Едвард доаѓа во Македонија

Принцот Едвард, ерл од Весекс, од британското кралско семејство ќе дојде во дводневна посета на Македонија на 15-ти и 16-ти мај.
„За време на престојот на неговото височество во Северна Македонија ќе се одржи средба со високи државни лидери и претставници од граѓанскиот сектор. На неговото височество ќе му бидат презентирани примери од помошта што Велика Британија и ја дава на Северна Македонија во областа на образованието, раниот детски развој, како и проекти кои ги поврзуваат двете земји од животната средина и уметностите“, најавуваат од британската амбасада во Скопје.


Принцот Едвард е најмладиот од четирите деца на кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип. Тој е десетти по ред во линијата наследници на круната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.