Доколку не се обедини прашањето за бегалците, ЕУ ќе се распадне!

Европската унија треба да се обедини околу заедничката позиција спрема огромниот бран бегалци бидејќи постои опасност да се распадне, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, пишува МИА.„Или Европа ќе се обедини и ќе дејствува солидарно во овие тешки моменти за стотици илјади луѓе или одново ќе се подигнат ѕидови и бариери“, изјави тој во говор пред годишниот конгрес на Социјалдемократската партија.
-Потоа би била уништена визијата за обединета Европа, додаде тој.
Германските Социјалдемократи се помалиот коалициски партнер во Владата на конзервативниот канцелар Ангела Меркел. Штајнмаер ги повика своите сопартијци да го поддржат европскиот проект и да дадат отпор на десничарските популисти„Или Европа ќе се обедини и ќе дејствува солидарно во овие тешки моменти за стотици илјади луѓе или одново ќе се подигнат ѕидови и бариери&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: