КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СВЕТОТ ЗА 10 ГОДИНИ: Русија ќе се распадне, а Полска…

Американците нема да се мешаат во работите на другиот крај од светот, Русија ќе се распадне, а Полска ќе стане еден од европските лидери?Меѓународната компанија Страфор, објави нов извештај во кој се изнесени многу интересни предвидувања за тоа каков би бил светот за 10 години.
Според нив, Русија ќе се распадне, односно државата ќе се растури на  парчиња низ мали региони, додека САД ќе бидат одговорни за осигурување на руските нуклеарни бомби. 
Германија ќе страда поради европската криза, а благодарение на таквиот развој на случувањата Полска ќе порасне и ќе стане една од европските лидери. 
Ќе постојат четири Европи: Скандинавска (која ќе се придружи Велика Британија и Ирска), Средоземна ( која ќе се состои од Шпанија, Португалија, Италија и Грција), Западна Европа (која ќе ја сочинува Германија, Чешка и Австрија) и Источна Европа ( ќе влезат Унгарија, Словачка, Романија, Бугарија, Полска, Украина, Белорусија, Литванија, Летонија и Естонија). 
Турција и САД ќе бидат блиски сојузници, во иднина на Турците ќе им биде потребна помош за да ги држат Русите на сигурно растојание. Економскиот раст ќе се успори. 
Јапонија ќе стане водечка поморска сила во Азија, иако Кина ќе се обидува да ги контролира турите од кои ќе зависат Јапонците. Јапонците мора да се понадеваат во себе и во својот напредок, поготово откако САД ќе одбие да им помогне. 
Американците се помалку ќе се мешаат во меѓународните врски и работи со дргиот крај од светот, на радост на многумина. Меѓународната компанија Страфор, објави нов извештај во кој се изнесени многу интересни предвидувања за тоа каков би бил светот за 10 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: