Зошто не можеме да изедеме само еден чипс?: Крцкавоста го зголемува задоволството

Дури и поединците со силен карактер не се во состојба да изедат само еден чипс. Иако високата содржина на сол и маснотии во грицките е неодолива, истражувачите откриле уште една причина поради која е толку лесно да се изеде ќесичка чипс, грицки, смоки…
Голема е веројатноста дека луѓето ќе изедат повеќе чипс на кој стои ознаката “крцкав”, тврдат истражувачите. Имено, во текот на истражувањето објавено во магазинот “Appetite”, испитаниците јаделе многу повеќе крцкави грицки и слатки. Токму затоа истражувачите истакнуваат дека и маркетингот игра голема улога во прејадувањето. Испитаниците кои носеле слушалки во текот на консумирањето на грицки исто така биле посклони кон прејадување бидејќи погласно ја слушале крцкавоста во текот на џвакањето.


Коавторката на студијата, Нилија Ордабајева, професорка на колеџот Бостон, истакнува дека звуците можат да го зголемат задоволството на јадење. Со тоа, крцкавоста е еден од главните фактори на консумација, но и врз продажбата на грицки.
“Луѓето често ја поврзуваат крцкавоста со позитивните карактеристики на храната како што е свежината. Поголемото уживање во храната кое е резултат на нагласување на звукот на истата доведува и до поголема потрошувачка”, вели Ордабајева.
Меѓутоа, ова истражување не е сосема веродостојно, тврдат неговите автори, бидејќи во текот на студијата се користеле грицки и слатки во кои уживаат повеќето луѓе. Резултатите од истражувањето сигурно не би биле исти доколку на испитаниците им биле понудени моркови или целер. Дали луѓето би се прејадувале доколку би грицкале моркови додека гледаат филм?
Во секој случај, истакнува Нилија, вреди да се испроба трикот со крцкавоста и кај консумирањето на зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.