Пресудата за Македонецот Борче Ристевски според која е осуден на девет години затвор од страна на Врховниот суд во Мелбурн, за убиството без умисла на неговата сопруга Карен Ристевски, отвори повеќе прашања во австралиската јавност, за тамошниот правосуден систем, пренесоа светските медиуми, пишува “Нова Македонија“.
Ристевски би можел да биде ослободен по четири и пол години, земајќи го предвид времето кое веќе го помина во затвор. Максималната казна за убиство без умисла изнесува 20 години, а со тоа што го призна злосторството, Ристевски избегна доживотна затворска казна.
– Не добивме никаква правда денеска. Како општество, во поглед на семејното насилство, ќе заземеме цврст став. Тоа не се случи денеска, кажа Стивен Вилијамс, братот на Карен, по пресудата.
И австралиската јавност остро реагира:
– Денеска добивме порака оти одземањето на животот на една жена, вреди шест години во затвор од животот на еден маж. Сметаме дека ова не е правда за Карен, како и за нејзините најблиски, истакна организацијата за спречување на семејното насилство „Викторија“.
Ристески ја уби сопругата со која често се карал, го зел телото со себе во автомобилот и го исклучил сигналот на мобилниот телефон. Го фрлил во грмушки во близина на парк каде се собрале Македонци и го затскрил со лисја. Најчудно е што откако ја пријави за исчезната, па ја најдоа мртва, се појави на нејзиниот погреб, плечеше и лелекаше.
Но, неговата ќерка на судењето застана во негова одбрана.
– По чинот на насилство, мојот татко се соочи со губење на работата, на почитта во заедницата и на долгорочни пријателства. Ваквите околности ме оставија без обата родители. Знам дека не можам да сторам ништо за да го сменам тоа, но можам да се обидам да ја кажам вистината за тоа колку добар татко и сопруг беше за мене и за мојата мајка, изјави девојката.