Ердоган го чекал Путин пред тоалет!

Весникот „Комерсант“ во својот материјал за посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Париз за климатската конференција раскажа за обидите на шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган да дојде до средба со рускиот лидер.Весникот пишува како Ердоган, буквално како „месечар“одел по ходниците каде што се одржуваше форумот, без да им обрнува внимание на новинарите. Претседателот на Турција не одговорил на прашањето на француски новинар дали ќе се извини за соборувањето на рускиот бомбардер Су-24.
„Тоа беше негов ден. Тој никаде не брзаше. Се чини дека едноставно шеташе и уживаше. Буквално како да го успиваа тие луѓе и тие звуци. Неговата популарност можеше да се спореди со популарноста на американскиот претседател Барак Обама и, можеби, на Владимир Путин“, се вели во статијата на „Комерсант“, а пренесува „ТВ Ѕвезда“.
Весникот опишува како, додека шефовите на 147 држави работеле, претседателот на Турција Ердоган „се шлаел“ по ходниците. Излегува дека турскиот претседател шетал покрај собата „во која Владимир Путин имаше средба со Барак Обама, потоа со Си Ѓинпин, потоа со Ангела Меркел, со Бенјамин Нетанјаху“.
„Тој навистина сакаше да се види со рускиот претседател. Во тоа беше целата работа. А во што уште друго? Тоа шетање не можеше да се објасни со ништо друго“, пишува весникот.
По петнаесетина минути, еден од членовите на руската делегација го сретнал Ердоган на влезот во тоалетот.
„Фала му на бога што и таму не го најде Владимир Путин. Инаку за таа случка би се зборувало: „го замоча во тоалетот“, иронизира весникот.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 30 ноември на прес-конференцијата во Париз изјави дека турското воено воздухопловство го соборило рускиот авион Су-24 за да ја обезбеди сигурноста на транспортот на нафта од „Исламската држава“. Истовремено рускиот претседател Ердоган вети дека ќе поднесе оставка ако информациите дека неговата земја ја купува нафтата од терористите бидат потврдени.
Преземено од РускаРеч на Македонски!Весникот пишува како Ердоган, буквално како „месечар“одел по ходниците каде што се одржуваше форумот, без да им обрнува внимание на нов

Пронајдете не на следниве мрежи: