Скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија- еве што било пронајдено во неговиот компјутер

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, соопшти денеска МВР, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.


Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси.
-Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси. Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице, се појаснува во соопштението.


Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО- Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на ИП адресата и по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом издадена од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот. При претресот е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а се запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.