Утре во Скопје прво прскање против комарци 

Терестричната дезинсекција, прва фаза, на подрачјето на Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25 април, четврток, во периодот од 8 до 17 часот, извести Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.