Јелена Карлеуша објави неколку фотографии на кои ја покажа празничната трпеза за Велигден кој овој пат го прослави со своите ќерки Ника и Атина.
Иако сите знаат дека пејачката не ги прославува христијанските празници, таа сепак реши да го слави овој Велигден, а за тоа имала помалку необична, па дури и бизарна причина.
Имено, таа вели дека нејзините ќерки го сакале овој празник, зашто сакале да се кршат со неа со јајца. Она што е интересно е дека нејзината ќерка Ника секогаш е лута ако не победи, па Јелена и рече дека таа секогаш во нејзините очи е победник.
Тоа сепак не успеа да ја развесели малечката, па Карлеуша затоа и предложи на Ника да го земе јајцето што таа ќе и го одбере за кршење.
Но, нејзината ќерка тоа го одби и и’ кажа дека секогаш кога мајка и ќе и одбере јајце за кршење, таа губи, на што Карлеуша се изнервира па и возврати: „Леле, срам да ти е… Тоа не е вистина“!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.