„Претстои долга борба против Исламската држава, но нема причина за страв

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен смета дека и покрај тоа што евентуална интервенција на Германија во Сирија не е популарна мерка меѓу германските граѓани, земјата не може да стои настрана од битката против џихадистичката група Ислмаска држава (ИД).Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во опширно интервју за весникот „Ханделсблат“, Лејен вели дека Германците увидуваат дека ако на проблемот во Сирија, Мали, Париз, Тунис и на други места не му се пристапи порано, тој може да пристигне во Германија.
Таа ја оправдува воената ангажираност и другите мерки што ги презема Германија и со намерата да се спречи процесот на интензивираната миграција што ја зафати Европа, но пред се Германија.
– Отсранувањето на причините за конфликтите ќе значи и прекин на миграцијата, смета германската министерка за одбрана.
Од Анкара и Москва таа бара да ги смират тензиите што избија по уривањето на рускиот авион над Сирија, со што Берлин ја задржува својата неутралност во дефиннирањето на конфликтот меѓу Русија и Турција, но во исто време порачува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата Влада мора да водат поинтензивна борба против ИД.
Лајен смета дека Германија има заеднички интереси и со Русија и со Турција, затоа што илјадници луѓе од двете земји во моментов се борат на страната на ИД во Сирија и Ирак.
Според Лајен, заканата од ИД е глобална не само поради опасноста од повратниците кои се бореле на Блискиот Исток, туку и поради заканата за општествната и економиите. Таа вели дека не смее да се потцени оваа опасност затоа што ИД како нов вид непријател постојано го менува својот лик како камелеон, што го претвора во многу тежок противник но и поради тоа што со само неколку самоубијци може да се направи огромна штета.
– ИД е опасен противник затоа што користи елементи на хибридна војна на многу профиесионален начин, користи софистицирана интернет базирана пропаганда и цели кон предизвикување судири во нашите општества, вели Лајен, при што како пример ги посочува двајцата бегалци кои учествуваа во нападите во Париз, што треба да предизвика тензии меѓу европската јавност за оправданоста на приемот на луѓето кои бегаат од војните. 
Лајен смета дека нападите во Европа не се знак на слабост на ИД, туку знак на добра организација и затоа светот треба да се подготви за долга битка, но не гледа причини за страв затоа што, според неа, Исламската држава може да биде победена.
Во врска со предлогот на германскиот минситер за финансии Вплфганг Шојбле за употреба на војската во зачувување на безбедност на земјата, таа смета дека армијата на Германија и сега е дел од операциите без да излезе на улица, но во случај на катастрофални размери на заканите и таа опција не се исклучува.
Лајен ги отфрла тезите дека секој бегалец е потенцијален терорист, додавајќи дека секој бегалец има потенцијал со своето знаење да ја помогне германската економија, со што се спротивставува на обвинувањата дека Германија свесно ги прима бегалците за да обезбеди евтина работна сила во услови кога се соочува со катастрофални демографски трендови.
Неделава Германија најави дека ќе се придружи во борбата против Исламската држава со обезбедување воена помош за француските авионски напади во Сирија. Притоа откако за тоа ќе добие дозвола од Парламентот, Германија ќе испрати извидувачки авиони од типот Торнадо, како и бродови кои треба да ги придружуваат француските поморски сили на сирискиот брег.
Дополнително Германија ќе испрати 650 војници во Мали, кои треба да ја зајакнат француската воена мисија во оваа африканска земја.Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во опширно интервју за весникот „Ханделсблат“, Лејен вели дека Германците увидуваат дека ако

Пронајдете не на следниве мрежи: