ИНТЕРВЈУ СО ПРЕЖИВЕАНИОТ РУСКИ ПИЛОТ: Ќе го одмаздам капетанот. Еве што се случило!

Рускиот пилот Константин Мурахтин, кој го преживеа турскиот напад, изјави дека нема да остане во Русија и покрај трауматичното искуство што го доживеа при соборувањето на авионот.Мурахтин, кој минатата година ја освои наградата „Топ навигатор“ на најголемото руско авио натпреварување коешто го организира војската, изјави пред новинарите дека ќе почека да оздрави, а потоа ќе отиде во првите борбени линии.
– Морам да „го вратам долгот“ за мојот капетан – изјавил Мурахтин.
Тој за рускиот канал Русија 1, изнел убедување дека руските авиони не го нарушиле турскиот воздушен простор во ниту еден момент.
– Летавме на 6.000 метри по јасно време и имав целосна контрола над рутата – вели тој.
– Всушност, немаше никакво предупредување. Ниту преку радио, ниту визуелно, па не го менувавме курсот. Мора да ја сфатите разликата во брзината помеѓу тактичкиот бомбардер како што е СУ-24 и Ф-16. Да сакаа да нѐ предупредат, ќе ни се приближеа до крилото – раскажал понатаму Мурахтин, кој сега закрепнува во руската воздухопловна база во Латакија, на северот од Сирија.
– Така беше сѐ до моментот кога од некаде нѐ удри проектил. Немавме време ниту да започнеме маневар за избегнување – сведочел тој.
Кога авионот бил погоден и почнал да паѓа во Сирија, двајцата пилоти се катапултирале. Капетанот Сергеј Румјантшев е убиен од страна на туркменистанската бригада, која тврди дека бил убиен додека се спуштал со падобран кон земјата.
Мурахтин бил спасен во заедничка операција на руската и сириската армија која траела 12 часа.Мурахтин, кој минатата година ја освои наградата „Топ навигатор“ на најголемото руско авио натпреварување коешто го организира војската

Пронајдете не на следниве мрежи: