ВИДЕО: Сириските војници го спасија преживеаниот руски пилот!

Сириската војска спаси еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турски-ловец Ф-16, соопшти рускиот амбасадор во Франција.„Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне. Според последните информации, спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база“, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.
Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвеле во руската база Хмејм во Латакија.
Спасувачката операција траела околу шест часа.
Телевизијата ANNA-News објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.„Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа

Пронајдете не на следниве мрежи: