ПАРИЗ: Пронајден нов ЕКСПЛОЗИВ во КОРПА ЗА ОТПАДОЦИ!

Во предградието Мунруж во Париз, во корпа за отпадоци, пронајден е елек во кој се наоѓал експлозив, од ист вид како оние што пред 10 дена беа искористени за терористичките напади во Франција.Во предградието Мунруж во Париз, во корпа за отпадоци, пронајден е елек во кој се наоѓал експлозив, од ист вид како оние што пред 10 дена беа искористени за терористичките напади во Франција.
Француската полиција соопшти дека во елекот, кој денеска е пронајден во предградието на Париз, имало експлозив од ист вид како оние што пред 10 дена беа искористени за терористичките напади во Франција, во кои беа убиени 130 луѓе. Елекот е пронајден во корпа за отпадоци во предградието на Мунруж.
Лабораториските анализи покажаа дека е во прашање експлозив ТАТР, кој се наоѓал во седум други елеци искористени во нападите на 13ти ноември, пренесе АП, повикувајќи се на неофицијални лица. Се верува дека Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите, кој моментално е во бегство, вечерта бил во Мунруж кога се одиграа нападите.
Инаку, припадникот на екстремистичката Исламска држава, кој е претставен како „Белгиец“, тој ги повика „своите браќа во странство“ да го следат примерот на терористичките напади во Париз на кое им дава признание што донесоа хаос во Франција. Во видео пораката, кои ја пренесоа џихадистичките веб-сајтови, припадникот на ИС, под наводното борбено име Абу Катад ал – Бељики (Белгија), порача дека нападите во Париз натераа милиони луѓе да плачат, но донеле и  „радост на верниците“, пренесува Ројтерс. Лицето му било покриено со бела марама, а зад него стоеле други маскирани луѓе со пушки во рацете.
Логото на тоа терористичко видео укажува на тоа дека е снимен во Источна Сирија, каде ИС ја контролира провинцијата Деир ал – Зор на граница со Ирак, наведе Ројтерс.Во предградието Мунруж во Париз, во корпа за отпадоци, пронајден е елек во кој се наоѓал експлозив, од ист вид како оние што пред 10 дена беа искор

Пронајдете не на следниве мрежи: