ФОТО: Под седиштето на оваа девојка се наоѓала бомбата во рускиот авион А321!

Марија Ивлева беше првата жртва на терористичкиот напад кога беше урнат рускиот авион А321 над Синај. Под седиштето на оваа девојка бил поставен експлозив кој го предизвика уривањето на леталото.Руските медиуми пренесоа дека бомбата која усмрти 224 лица била поставена под седиштето 31А, каде седела Марија, но постои и информација која ја пренесуваат некои медиуми дека експлозивот бил под седиштето 30А каде седела 77-годишната Надежда Башаковој.
Луѓето кои го истражуваа случајот утврдиле дека Марија страдала веднаш по активирањето на бомбата, додека останатите патници биле живи сѐ до паѓањето на авионот.
Марија, која имала само 15 години, била од Санкт Петербург, а патувала со мајка ѝ Марина.

Пронајдете не на следниве мрежи: