ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА купувала оружје од УКРАИНА, а ги транспортирала преку ТУРЦИЈА?!

Мрежата на екстремисти , осомничена за финансирање на терористичката организација Исламска држава, оружјето го купувала од Украина, соопшти АФП.
 Лидерот на мрежата на екстремистите, чие име не е објавено, признал дека ја координирал активноста на Исламската држава во Кувајт и од Украина купувал кинески преносливи противавионски системи FN6, кои преку Турција стигнале до терористите во Сирија.
Како што се наведува, уапсени се пет Сиријци, двајца Австралијци со потекло од Либија, еден Египќанец и еден државјанин на Кувајт.
УКРАИНА: НЕ СМЕ ПРЕПРОДАВАЛЕ КИНЕСКО ОРУЖЈЕ
Украинската компанија „Ukroboronprom“, соопшти дека никогаш не купувала кинески преносливи противавионски системи FN6, а со самото тоа и не ги  препродавала.
Како што наведува компанијата, сите објави во медиумите за тоа дека се работи за кинеско оружје и муниција препродадени на терористичката организација Исламска држава се лага.
„Ниедна компанија која работи во составот на „Ukroboronprom“ не препродавала оружје на ниедна земја која се наоѓа под санкција на Советот за безбедност на ОН, или пак, има други рестрикции на меѓународните организации”, се вели во соопштението.Лидерот на мрежата на екстремистите, чие име не е објавено, признал дека ја координирал активноста на Исламската држава во Кувајт и од Украина купу

Пронајдете не на следниве мрежи: